Персонализирање на почетниот екран
Сакате да го гледате Вашиот омилен пејзаж или слики од Вашето семејство во
позадината на почетниот екран? Можете да ја промените оваа позадина и да ги
поставите објектите во почетниот екран според Вашите желби.
Промена на позадината
1 Одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Екран
>
Позадина
.
2 Одберете папка и слика.
Исто така, можете да снимите слика и со камерата на телефонот, и да ја
искористите таа слика.
Совет: Даунлоадирајте повеќе позадини од Продавница на Ovi.
Прилагодување на вашиот телефон 23
Додавање апликација или кратенка
1 Допрете и задржете го почетниот екран и од менито што се појавува одберете
Персон. го прик.
.
2 Одберете ја лентата, објект од листата и
Назад
.
Менување кратенка
1 Допрете и задржете ја кратенката што сакате да ја измените и од менито што
се појавува, одберете
Промени кратен.
.
2 Одберете објект од листата и
Назад
.
Совет: За да отстраните апликација или лента за кратенка од почетниот екран,
заменете ја со друга или одберете
(празно)
.
Совет: За да ја зголемите големината на буквите во апликациите Пораки и
Контакти, кога ја пребарувате мрежата или во главното мени, одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Екран
>
Голем. на фонт
.