Копирање контакти или пораки од стариот телефон
Сакате да ја копирате содржината од претходниот компатибилен Nokia телефон и
да започнете со брза употреба на новиот телефон? Можете бесплатно да копирате,
на пример, контакти, записи од календарот и пораки на новиот телефон.
1 Активирајте Bluetooth на двата телефони.
Одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конектив.
>
Bluetooth
.
2 Одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Синх. и рез. коп.
.
3 Одберете
Пренос на тел.
>
Копирај на ова
.
4 Одберете ја содржината за копирање и
Заврши
.
5 Одберете го претходниот телефон од листата.
6 Ако другиот телефон бара код за пристап, внесете го кодот за пристап. Кодот
за пристап што сте го дефинирале Вие, мора да е внесен на двата телефони.
16 Основна употреба
Кодот за пристап во некои телефони е одреден. За детали, погледнете го
упатството за корисникот на другиот телефон.
Кодот за пристап е важечки само за тековната конекција.
7 Ако од Вас се побара, дозволете конекција и барања за копирање.