Избор на SIM картичката што ќе се користи
Можете да поставите која SIM картичка да се користи за појдовните повици, пораки
и мобилни податоци. Ако ги поименувате SIM картичките, со само еден поглед
можете да видите која картичка е, на пример, за работа а која е за лична употреба.
Одберете
Мени
>
Управув. со SIM
.
Одберете од следново:
Праш. секој пат — Одберете ја SIM картичката што ќе се користи секојпат за
остварување повици, праќање пораки и пренос на мобилни податоци.
SIM1 — Користете ја SIM картичката во внатрешниот држач за SIM картички како
стандардна SIM картичка за остварување повици, испраќање пораки и пренос на
мобилни податоци.
SIM2 — Користете ја SIM картичката во надворешниот отвор за SIM картички како
стандардна SIM картичка за остварување повици, испраќање пораки и пренос на
мобилни податоци.
Основна употреба 13
Преименување на SIM картичка
Одберете и задржете
SIM1
или
SIM2
и од менито што се појавува, одберете
Преименувај
.
Совет: За да го отворите управувањето со SIM картички од почетниот екран,
притиснете и задржете *.