Дејства на екранот на допир
За интеракција со интерфејсот за корисникот на екранот на допир, допрете или
допрете и задржете го екранот на допир.
Отворање апликација или други елементи на екранот
Допрете ја апликацијата или елементот.
Пристап до опциите што се специфични за некој објект
Допрете и задржете го објектот. Се отвора мени што се појавува со достапни опции.
Движење низ листа или мени
Поставете го прстот на екранот, придвижете го брзо нагоре или надолу по екранот,
а потоа тргнете го прстот. Содржината на екранот се движи со брзината и насоката
којашто ја имала во моментот на ослободување. За да одберете објект од листата
за движење и за да го сопрете движењето, допрете на објектот.
14 Основна употреба
Лизгање
Ставете го прстот на екранот и полека движете го во саканата насока.