Упатување итен повик
1
Осигурете се дека уредот е вклучен.
2
Проверете дали постои соодветна јачина на сигналот. Можеби ќе биде потребно да го направите следното:
•
Вметнете SIM картичка.
•
Деактивирајте ги ограничувањата на повици што ги активиравте на Вашиот уред, како што се забрана на
повик, фиксно бирање или затворена корисничка група.
•
Осигурете се дека профилот во лет не е вклучен.
•
Ако екранот и копчињата на уредот се заклучени, отклучете ги.
3
Неколкупати притиснете го копчето за завршување додека не се покаже почетниот екран.
4
Отворете го лизгачот.
5
Внесете го официјалниот број за итни случаи за Вашата моментална локација. Итните броеви повикување за се
разликуваат според локацијата.
6
Притиснете го копчето за повикување.
7
Соопштете ги сите неопходни информации што е можно попрецизно. Не прекинувајте го повикот додека не
добиете дозвола за тоа.
44 Информации за производот и безбедноста
Важно: Активирајте ги и мобилните и интернет повиците, ако Вашиот уред поддржува интернет повици. Уредот
може да се обиде да оствари итни повици и преку мобилните мрежи и преку Вашиот обезбедувач на интернет повици.
Не може да се гарантираат конекции во сите услови. Никогаш не потпирајте се само на кој и да е безжичен уред за важни
разговори како што се итни медицински случаи.