Nokia C2 03 - Возила

background image

Возила
Радио сигналите може да влијаат на неправилно инсталираните или несоодветно заштитените електронски системи во

моторните возила како што се електронските системи за вбризгување на горивото, електронските системи за

спречување на блокирањето при кочење, електронските системи за контрола на брзината и системите на воздушните

перничиња. За повеќе информации, проверете со произведувачот на Вашето возило или неговата опрема.

Само квалификуван персонал смее да го инсталира уредот во возило. Неправилната инсталација или сервис може да

бидат опасни и може да ја направат невалидна Вашата гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема на

безжичниот уред во Вашето возило е правилно поставена и правилно работи. Не чувајте и не пренесувајте запаливи

течности, гасови или експлозивни материјали во истиот оддел со уредот, неговите делови или додатоци. Запомнете дека

воздушните перничиња се надувуваат со огромна сила. Не ставајте го Вашиот уред или додатоците на областа за

отворање на воздушните перничиња.

Исклучете го Вашиот уред пред да се качите на авион. Употребата на безжични уреди во авион може да биде опасна за

работата на авионот и може да е незаконска.