Nokia C2 03 - За управувањето со дигитални права

background image

За управувањето со дигитални права
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и легитимните

права на другите, вклучувајќи ги и авторските права. Заштитата на авторските права може да Ве спречи да копирате,

модифицирате или пренесувате некои слики, музика и други содржини.

Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за управување со дигитални права

(ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските

права. Овој уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред

можете да пристапите на содржини заштитени со WMDRM 10 и OMA DRM 1.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да ја

заштити содржината, сопствениците на содржината може да побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до

новите содржини заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да спречи обнова на таквата

содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето

на содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини незаштитени со ДРМ.

Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги дефинира Вашите права за користење на

содржината.

Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна копија и на лиценците и на содржината,

користете ја функцијата за правење резервни копии на Nokia Ovi Suite.

Другите методи на префрлување може да не ги префрлуваат лиценците кои треба да се повратат со содржината за да

можете Вие да продолжите со користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде

форматирана. Може исто така да треба да ги повратите лиценците во случај датотеките на Вашиот уред да бидат

оштетени.

Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценците и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на

уредот се форматира. Може исто така да ги загубите лиценците и содржината ако датотеките на Вашиот уред бидат

оштетени. Губењето на лиценците или на содржината може да ја ограничат Вашата можност за повторно користење на

истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.

Некои лиценци може да се поврзани со некоја специфична SIM картичка, и на заштитената содржина може да и се

пристапи само ако SIM картичката е вметната во уредот.