Nokia C2 03 - Безбедност на батеријата

background image

Безбедност на батеријата
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните батеријата. Кога го отстранувате полначот

или кој било додаток, фатете и повлечете го приклучокот, а не кабелот.

Кога полначот не е во употреба, отстранете го од електричниот приклучок и од уредот. Не оставајте ја целосно

наполнетата батерија поврзана за полначот, затоа што преполнувањето може да го скрати животниот век на батеријата.

Ако не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење со текот на времето.

Секогаш чувајте ја батеријата помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F). Екстремните температури го намалуваат капацитетот и

животниот век на батеријата. Уредот со жешка или ладна батерија може привремено да не работи.

Случаен краток спој може да се случи кога некој метален предмет ќе ги допре металните ленти на батеријата, на пример,

ако носите резервна батерија во џебот. Краток спој може да ја оштети батеријата или објектот што е поврзан.

Не ги фрлајте батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Фрлете ги батериите во согласност со локалните

регулативи. Рециклирајте кога е можно. Не фрлајте ја како отпад од домаќинството.

Не ги растурајте, сечете, отворајте, кршете, виткајте, пробивајте или разделувајте ќелиите или батериите. Доколку

батеријата истекува, спречете контакт на течноста од батеријата со кожата или очите. Доколку тоа се случи, веднаш

исплакнете ги опфатените области со вода, или побарајте медицинска помош.

Не ја модифицирајте, повторно составувајте, не се обидувајте да вметнете туѓи објекти во батеријата, или не ја

потопувајте или изложувајте на вода или на други течности. Батериите можат да експлодираат ако се оштетат.

Користете ги батеријата и полначот само за наменетата цел. Несоодветното користење или користењето на не одобрени

батерии или некомпатибилни полначи може да претставува ризик од пожар, експлозија или други опасности и може

да го поништи одобрението или гаранцијата. Ако сметате дека батеријата или полначот се оштетени, однесете ги во

сервисен центар на проверка пред да продолжите да ги користите. Никогаш не користете оштетена батерија или полнач.

Полначот користете го исклучиво во затворен простор.