Вметнување SIM картичка и батерија
Забелешка: Исклучете го уредот и отстранете го полначот и кој било друг уред
пред да отстраните кои било капаци. Избегнувајте допирање на електронските
делови при промена на кои било капаци. Секогаш чувајте и употребувајте го
уредот со сите поставени капаци.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
Важно: За да спречите оштетување на SIM картичката, секогаш отстранете ја
батеријата пред да ја вметнете или отстраните картичката.
Овој телефон е наменет за користење со BL-5C батерија. Секогаш користете
оригинални Nokia батерии.
Ако имате само една SIM картичка, вметнете ја картичката во внатрешниот држач
за SIM картички.
SIM картичката и нејзините контакти може лесно да се оштетат од гребнатинки или
свиткување, затоа бидете претпазливи кога ракувате, ја вметнувате, или
отстранувате картичката.
1 Поставете го прстот во вдлабнатината на врвот на телефонот и внимателно
подигнете и отстранете го задниот поклопец (1). Ако батеријата е вметната,
извадете ја (2).
2 Отворете го држачот за SIM картички (3) и вметнете или отстранете ја SIM
картичката (4 или 5). Проверете дали областите за контакт на картичката се
свртени надолу.
За почеток
7
3 Израмнете ги контактите и преградата на батеријата и вметнете ја батеријата
(6). За да го замените задниот поклопец, насочете го долниот дел за
заклучување кон неговото место (7) и притиснете надолу се додека поклопецот
не се заглави на своето место (8).