Nokia C2 03 - Вашиот телефон со две SIM картички

background image

Вашиот телефон со две SIM картички

Можете да вметнете две SIM картички.
Придобивки од користењето на телефон со две SIM картички

Можете да заштедите кога користите услуги од различни оператори.

Користете еден број за лични повици и друг за работа, а носете само еден

телефон.

Избегнете ги разликите во мрежната покриеност помеѓу операторите на

услуги.

Двете SIM картички се достапни истовремено кога не се користи уредот, но само

едната SIM картичка е активна, на пример, при остварување повик, другата

картичка е недостапна.
Ако имате само една SIM картичка, вметнете ја картичката во држачот за

картичката SIM1. Некои функции и услуги може да се достапни само кога ја

користите SIM картичката во држачот за картичката SIM1. Ако има SIM картичка

само во држачот за картичката SIM2, можете да остварувате само итни повици.
Во позадината не може да се отвори GPRS конекција. Ако некоја апликација

користи GPRS конекција, кога ќе се вратите на почетниот екран или ќе отворите

друга апликација, мени или приказ, конекцијата се затвора автоматски.

За почеток

5